За нас


За нас | Политика за квалитет | Спонзорства

Изворите на минералната вода Пела Роса познати се и користени уште од II век од Н.Е. од страна на римските легии кои во непосредна близина имаа подигнато воен каструм за што ни сведочи надгробната мермерна стела пронајдена на тој локалитет.


                  

Надгробна мермерна стела: Рим 2-3 век од Н.Е.

Мак минерал се издвојува како прва организација која започнува, да се занимава со истражување на минералните води на реонот на Битола уште од 1994 година. Во тимската работа за истражувањето зедоа учество Институтот за геологија од Скопје како и голем број врвни експерти кои учествуваа во бушењето на сите бушотини во Битолскиот реон и пошироко. На тој начин е утврдена денешната локација како најдобра, и истата се совпаѓа со старите Битолски извори (од времето на турската империја).

Во 2000 год. Министреството за Здравство ги изврши сите потребни анализи за составот на минералната вода и го одобри производството.

Глобалниoт проблем за снабдување на пазарот со чиста вода и расположливите извори на минерална вода во регионот, се фактори кои ја поттикнаа идејата за производство на минерална вода.

Мак минерал со производство започнува на 2-ри Август 2001 година, кога е наполнето првото шише со етикета " ПЕЛА РОСА ".


Производниот процес се одвива автоматски благодарејќи на инвестициите во нај-современата технологија за производство на минерална вода денес.


Организацијатана Мак минерал, во текот на своето повеќегодишно постоење, постојано се стреми кон проширување на својот асортиман, како и континуираното зголемување на квалитетот на производството.


Пела Роса

Земете дел од природата...


Без физички, хемиски и биолошки ризици за нејзиниот квалитет, со применетиот НАССАР систем, Пела Роса останува неприкосновено најчистата вода во Македонија по светски стандарди....


Контактирајте со нас: