Историја

Мак минерал е основана во 1996, сo главна цел, производство на минерална вода. Глобалниot проблем за снабдување на пазарот со чиста вода и расположливите извори на минерална вода во регионот, се фактори кои ја поттикнаа идејата за производство на минерална вода. Мак минерал се издвојува како прва организација која започнува, да се занимава со истражување на минералните води на реонот на Битола уште од 1994 година. Во тимската работа, во истражувањето зедоа учество Институтот за геологија од Скопје и познатиот геолог Александар Ивановски, кој како директор на геолошкиот завод во Битола учествувал во бушењето на сите бушотини во Битолскиот реон и пошироко. На тој начин е утврдена денешната локација како најдобра, и истата се совпаѓа со старите Битолски извори (од времето на турската империја).


      

Компанијата доби концесија на земјиште од 6,950м2 во Кременица, село близу Битола. На тоа поле Мак минерал извршува понатамошни проучувања за дополнителни извори на минерална вода на површина од 1 км2. Главниот извор е со длабочина од 150 метри и капацитет 12л/сек.

Во 2000 год. Министреството за Здравство ги изврши сите потребни анализи за составот на минералната вода и го одобри производството.

Мак минерал со производство започнува на 02.08.2001 година, кога е наполнето првото шише со етикета " ПЕЛА РОСА ".


Во текот на првата година, производството на " ПЕЛА РОСА " се одвиваше периодично, и тоа само на газирана вода од 1,5л најмногу поради фактот што во тоа време" ПЕЛА РОСА " се уште беше нов бренд на пазарот. Но со текот на времето и неоспорливиот квалитет на „Пела Роса" дојде до значително поместување на пазарот на минерални води во Македонија. Од средината на 2002 година, производствениот процес па се до денес се одвива во континуитет. Производството, а и продажбата секоја година во однос на претходната има перманентен раст од 20%-30%. Покрај растот во производството и продажбата. Мак минерал го прошири и својот асортиман на производи, така да денес покрај "ПЕЛА РОСА" газирана од 1,5л постојат и" ПЕЛА РОСА " газирана од 0,5л , 0,33л и слабо газирана („Пела Роса light") од 1,5л 0,5л .А во блиска иднина компанията планира производтсво на негазирана вода" ПЕЛА РОСА (аква) " 1,5л и 0,5л. Производниот процес се одвива автоматски благодарејќи на инвестициите во нај-современата технологија за производсто на минерална вода денес.


Организацијатана Мак минерал , во текот на своето повеќегодишно постоење, постојано се стреми кон проширување на својот асортиман, како и континуираното зголемување на квалитетот на производството.


Пела Роса

Земете дел од природата...


Без физички, хемиски и биолошки ризици за нејзиниот квалитет, со применетиот НАССАР систем, Пела Роса останува неприкосновено најчистата вода во Македонија по светски стандарди....


Контактирајте со нас: