ПОДАТОЦИ ЗА ИЗВОРОТ НА МИНЕРАЛНАТА ВОДА "ПЕЛА РОСА"

Мак минерал се издвојува како прва организација која почнува , да се занимава со истражување на минералните води на подрачјето на Битолскиот регион уште од 1994 година. Во тимската работа за истражувањето зедоа учество Институтот за геологија од Скопје како и голем број врвни експерти кои учествуваа во бушењето на сите бушотини во Битолскиот реон и пошироко. На тој начин е утврдена денешната локација како најдобра , и истата се совпага со старите Битолски извори (од времето на турската империја).

Компанијата доби концесија на земјиште од 6,950м2 во Кременица село близу Битола. Глобалниот проблем за снабдување на пазарот со чиста вода и расположливите извори на минерална вода во регионот се фактори кои ја потикнаа идејата за производство на минерална вода. На ова поле Мак минерал врши понатамошни истражувања за дополнителни извори на минерална вода на површина од 1 км2. Локацијата на постоечкиот извор е во селото Кременица, 20 км југозападно од Битола и е само 5 км до магистралниот пат Е-65. Изворот е со длабочина од 150 метри и капацитет 12л/сек.


СОСТАВ И СОДРЖИНА НА МИНЕРАЛНАТА ВОДА "ПЕЛА РОСА"


Материја Вредност
ЈАГЛЕН ДВООКСИД min.3800 mg/l

Катјони Вредност
КАЛЦИУМ 180 mg/l
МАГНЕЗИУМ 73,0 mg/l
КАЛИУМ 8,2 mg/l
НАТРИУМ 60,5 mg/l
СТРОНЦИУМ 1,2 mg/l

Анјони Вредност
ФЛУОРИДИ 0,2 mg/l
СУЛФАТИ 18,0 mg/l
ХЛОРИДИ 18,0 mg/l
КАРБОНАТНА ТВРДОСТ 58 mg/l

Останато Вредност
ОСТАТОК НА СУВИ МАТЕРИИ 1100,0 mg/l
ЕЛЕКТРОПРОВОДЛИВОСТ 2070qS/cml
pH 6,6

Пела Роса

Земете дел од природата...


Без физички, хемиски и биолошки ризици за нејзиниот квалитет, со применетиот НАССАР систем, Пела Роса останува неприкосновено најчистата вода во Македонија по светски стандарди....


Контактирајте со нас: